Малку романтика во Фиренца, Милан едвај до триумф

Милан славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Фиорентина во мечот од 36-тото коло во Серија А. Ова се важни три бода за Росонерите, но и за тренерот Гатузо, по што ги одржваа во живот шансите да се најдат во топ 4 екипите во Италија и со тоа да обезбедат место во ЛШ за следната сезона.

Средбата ја реши Чалханоглу во 35-тата минута по асистенцијата на Сусо, а турскиот репрезентативец го запиша само вториот гол во Калчо лигата за оваа сезона. Посебна причина за радост имаше капитенот Алесио Ромањоли, кој го одигра 150-от натпревар кариерата во дресот на Милан.

Милан по 17-от овосезонски триумф има 62 бода, односно само еден бод помалку од градскиот ривал Интер кој е на четвртото место на табелата. Фиорентина пак го претрпе петтиот пораз во последните шест кола во Серија А, па со 40 бода стои на 13-тото место.

 

- Оглас -

Најнови вести