Малкумина го приметија овој детал: Чалханоглу одби да се поздрави со еден играч на Милан (Видео)

Во меч со пет гола и многу шанси, Милан со 3:2 го победи Интер во градското дерби. Дуелот кој ќе се памти по отворената игра и убавите погодоци, имаше и еден детал кој ретко кој го примети, а се случи пред почетокот на дуелот.

Кога играчите на Интер тргнаа да се поздрават со фудбалерите на Милан, во еден момент Хакан Чалханоглу реши да не му подаде рака на Тео Ернандес. Фудбалерот на Милан беше збунет и го потчукна Чалханоглу по грбот, а играчот на Интер повторно луто реагираше.

Зошто Чалханоглу реши да не се поздрави со Тео? Во мај кога фудбалерите на Милан ја прославуваа титулата во Серија А, токму Тео Ернандес започна да скандира против Чалханоглу, кој е поранешен фудбалер на Росонерите.

Пред една година Чалханоглу одби да го продолжи договорот со Милан и реши да направи трансфер во градскиот ривал со образложение дека сака да ја освои титулата. За негова жал, титулата заврши токму во витрините на неговиот поранешен клуб.

- Оглас -

Најнови вести