Мало момче им побегна на обезбедувањето, ова е реакцијата на Кристијано Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер на Блискиот Исток на манифестацијата „Глоуб сокер авордс“ во Дубаи. Португалецот веднаш откако ја прими наградата, се врати на своето место, а едно мало момче успеа да му побегне на обезбедувањето и да се приближи до Кристијано Роналдо.

Обезбедувањето тргна да го бркна, но откако виде дека Португалецот со насмевка го прими момчето, се откажаа од идејата. Кристијано Роналдо му се потпиша на дресот, а неговата реакција може да ја видите на видеото во продолжение.

- Оглас -

Најнови вести