Малта е на прагот да направи големо изненадување

Малта води со 2:0 на полувреме против Словачка на гости, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Пред дуелот, шансите за победа на Малта беа минимални, но по првите 45 минути, ситуацијата е променета. Гостите имаат два гола позитива и се на прагот од големо изненадување.

Гамбин погоди во 16 минута за 1:0 за Малта, а само четири минути подоцна прецизен беше и Сатаријано. Статистиката вели дека Малта и одлично се бранеше во првиот дел, па Словаците немаа упатено ниту еден удар во рамките на голот на противникот.

Головите на Малта може да ги видите ТУКА и ТУКА.

Водство од 2:0 на гости по првиот дел има и Португалија во Белград против Србија. Двата погодоци, речиси на идентичен начин со глава ги постигна Диого Жота.

 

- Оглас -

Најнови вести