Мамиќ му даде посебна задача на Адеми од која може да зависи и конечниот резултат

Динамо Загреб вечерва ќе се обиде да стигне до првата победа во групната фаза од Лигата на Европа, а противник е австрискиот Волфсбергер. Хрватскиот првак има големи проблеми затоа што во последните 48 часа открија дека имаат дури деветмина фудбалери заразени со корона-вирус.

Од опасниот вирус е заразен и тренерот Зоран Мамиќ, кој нема да може да го предводи тимот на денешниот дуел. Мамиќ најави дека не планира постојано да биде во комуникација со своите помошници додека трае дуелот.

„Верувам дека може да оствариме добар резултат. И покрај сите проблеми, имаме план. Речиси сигурно нема да имаме телефонска комуникација со моите соработници. Евентуално ако нешто сакам да им соопштам, ќе им пратам порака. Капитенот Аријан Адеми го задолжив да биде главен во соблекувалната за подигнување на атмосферата“, е пораката на тренерот Мамиќ.

По првите две кола од Лигата на Европа, Динамо нема дадено, но ниту примено ниеден гол, додека Волфсбергер по две кола е лидер со четири бода.

 

- Оглас -

Најнови вести