Манасков незадржлив, даде повеќе од половина голови за победа на Веспрем

Дејан Манасков уште еднаш потврди дека е еден од главните играчи во тимот на Веспрем. Унгарскиот првак славеше против Ференцварош со 29:25 во меч од домашното првенство, а Манасков беше незадржлив за противниците.

Македонското репрезентативно крило даде дури 16 погодоци, што е повеќе од половина за победничкиот тим. Манасков на овој дуел стигна и до јубилејот 400 голови во дресот на Веспрем. Осум погодоци Дејан постигна од пенал, а останатите осум беа од игра.

Веспрем е перфектен во домашното првенство и има девет победи во девет натпревари, што е доволно да биде убедлив лидер во шампионатот, каде што има и голем број одложени мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести