Манасков откажа, Стоилов ќе бира меѓу Турција и Грција

Заморот и повредите на фајнафор турнирот во Келн и донесоа многу проблеми на македонската ракометна репрезентација пред блокот јунски мечеви со Турција и Грција во квалификациите за Европското првенство.

Дејан Манасков го откажа настапот и за двата меча, со Турција на 12. јуни на гости и против Грција четири дена подоцна во Струмица.

Крилото на македонската репрезентација играше повреден за Веспрем на Ф4, па и повредата и заморот сега си го земаа данокот.

Во договор со селекторот Данило Брестовац, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ќе игра на еден од двата дуели. Поради замор, иконата на новиот европски првак Вардар, ќе бира кога ќе настапи, дали на гости со Турција, или во Струмица против Грција.

Македонија е лидер во нашата група, со ист број на бодови како и Исланд, но има подобар меѓусебен скор и е на прагот на нов настап на големите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести