3.8 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Манасков три месеци на „ладење“, казна и за Андоновски од Охрид

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија ги изрече казните по инцидентот по завршуваањето на мечот помеѓу ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер.

Крилото на Е. Пелистер, Дејан Манасков, доби забрана за настап во следните три месеци, а Крсте Андоновски, кој е помошник-тренер во Охрид, нема да смее да ја врши должноста на наредните три првенствени или куп-натпревари.

Олеснителна околност за Манасков е што сега претстои пауза во Суперлигата, наредните мечеви се во февруари. Но, тој секако ќе прескокне седум меча, од кои два од плејофот.

РФМ изрече и парични казни, и охридскиот и битолскиот клуб ќе треба да платат по 45.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести