Дејан Манасков кој сезонава за Еурофарм Пелистер игра во одлична форма и после одредена пауа повторно беше повикан во националниот тим, сепак реши да не игра за репрезентацијата.
Левото крило преку социјалните мрежи ја објасни својата одлука.
„Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам зза мкедонската ракометна репрезентација. Во изминатите 11 години колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов тие да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван. После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесв оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо“, напиша Манасков.


