Манчестер јунајтед и официјално го претстави првото засилување за следната сезона. Тоа е Даниел Џејмс, кој доаѓа од тимот на Свонси. Играчот потпиша петгодишен договор со гигантот од „Олд Трафорд“, со можност за продолжување уште на 12 месеци. Велшанецот мора да биде задоволен бидејќи со новиот договор неговата плата ќе се зголеми 17 пати од тоа што досега го заработуваше во Свонси.
Свонси ќе добие 15 милиони евра за трансферот на Џејмс, кој игра на крилната позиција. Велшанецот е играч кој беше на листата на желби на тренерот Оле Гунар Солскјер.
„Ова е еден од најубавите денови во мојот живот. Со нетрпение го очекувам новиот предизвик. Премиер лигата е најдобрата лига во светот, а Манчестер јунајтед е клубот во кој можам перфектно да се развивам како играч. Со нетрпение чекам да почнам да работам со тренерот Солскјер и моите нови соиграчи“, рече Џејмс на промоцијата.