Фудбалски Јусејн Болт: Цел терен го претрча за 9 секунди и даде гол (Видео)

Даниел Џејмс е играчот кој воодушеви со својата брзина. Фудбалерот на Свонси даде гол во победата над Брандфорд во ФА Купот, но тоа беше подогок кој ретко се гледа. При резултат 1-1, Брандфорд беше во напад кога Џејмс успеа да освои една топка пред својот шеснаесетник.

Напаѓачот на Свонси ја шутна топката напред и започна неговото спринтерско шоу. Само за девет секунди успеа да го претрча речиси целиот терен и постигна гол за 2-1. На социјалните мрежи, Џејмс веднаш беше спореден со најбрзиот човек во светот, Јусејн Болт.

https://twitter.com/i/status/1097200615887917056

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести