Манчестер ј. даде само 5 гола на 7 меча, а Тен Хаг вели: Четири пати сезонава не примаме гол!

Манчестер јунајтед има историски најслаба сезона во Премиер лигата, со скромни 8 бода од седум меча, тимот има постигнато само пет голови, и затоа се бара смена на менаџерот Ерик Тен Хаг кој нема намера сам да си поднесе оставка. 

Тен Хаг е загрижен од неефикасноста, но бара утеха во добрата одбрана.

„Ова е четврти меч сезонава на кој не примаме гол. Имавме единство, добар карактер и дух. Создаваме многу шанси во последните натпревари, но треба да ја подобриме реализацијата. Знаеме дека ни недостасуваат голови, тоа треба да го подобриме. Но, имаме четири натпревари без примен гол“, рече Тен Хег после ремито 0-0 против Астон Вила по кои Јунајтед е 14-ти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести