21.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Манчестер јунајтед го купи Мбеумо за 80 милиони евра!

Раководството на Манчестер јунајтед и официјално успеа да дојде до потписот на Брајан Мбеумо од Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ на „пчелите“ ќе им платат 70 милиони фунти, односно околу 80 милиони евра.

Овој трансфер сега станува најскап ова лето за Манчестер јунајтед, откако го мина оној на Матеус Куња, кој беше купен од Вулверхемптон за 74 милиони евра.

Камерунецот со Манчестер јунајтед потпиша петгодишен договор, со можност да биде продолжен на уште една.

Брентфорд во 2019 година го купи Мбеумо за 6,5 милиони евра од француска Троја, а сега продадоа за речиси 15-пати повеќе од таа сума.

- Оглас -

Најнови вести