Раководството на Манчестер јунајтед планира изградба на нов стадион, кој би се наоѓал веднаш до „Олд Трафорд“. Проектот е веќе готов, а изградбата би чинела околу две милијарди фунти, односно 2,3 милијарди евра.
Сепак, навивачите на Црвените ѓаволи останаа затечени од плановите на раководствотото. Планот е воведување „лиценца за лично седиште“, што би чинело по 4.000 фунти.
Тоа би значело дека секој навивач ќе може да закупи седиште на стадионот уште во изградбата, а со тоа да го добие подоцна и правото да купи сезонски билет за тоа. На тој начин ќе се финансира стадионот, кој ќе биде за 100.000 гледачи.
Ова е пракса која се применува во САД, па навивачите добиваат право во следните 30 години да купат сезонски билет за тоа столче. Сепак, доколку една сезона не купите билет, автоматски го губите правото на вашето „лично столче“.
Сезонски билет за натпреварите на Манчестер јунајтед чини помеѓу 700 и 1.300 евра.