Следното засилување за Манчестер јунајтед се очекува да биде Карлос Балеба од Брајтон, но раководството на Црвените ѓаволи ќе мора да плати висока сума ако сака да го реализира трансферот.
Челниците на Манчестер јунајтед веќе преговараат со агентите на 21-годишниот Камерунец околу личните услови и времетраењето на договорот, а Брајтон ја одреди цената – 120 милиони евра.
Се работи за репрезентативец на Камерун, чија примарна позиција е дефанзивен играч за врска, но може да игра и на централната дефанзивна позиција, но и малку поофанзивно во средината на теренот.
Моментално вреди 40 милиони евра, а во Брајтон пристигна од Лил за 27 милиони евра пред две години.