35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Манчестер јунајтед ќе плати 50 милиони евра за фудбалер кој одигра само осум натпревари?!

Дефанзивецот на Аталанта, Џорџо Скалвини, минатата сезона забележа само осум настапи во сите натпреварувања, пред сè, поради проблемите со повредите. Сепак, и покрај тоа што не се изнаигра, голем број на екипи се во трка по неговиот потпис.

Дваесет и едногодишниот фудбалер во моментов се проценува на 35 милиони евра, а Манчестер јунајтед сака да го добие неговиот потпис со понуда од 50 милиони евра. Освен од Црвените ѓаволи, интерес за Скалвини има и од Тотенхем, но и од неколку екипи од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести