Фудбалерот на Аталанта и член на репрезентацијата на Данска, Расмус Хојлуд, прави трансфер во Манчестер Јунајтед вреден 70 милиони евра. 20-годишниот фудбалер е новата ѕвезда на европскиот фудбал, а веќе утре се очекува да биде и неговата официјална презентација во дресот на “црвените ѓаволи“.
Хојлунд со Манчестер Јунајтед ќе потпише договор на пет сезони.
Данецот минатата сезона во дресот на Аталанта постигна 16 голови и забележа 9 асистенции во 42 натпревари, додека во репрезентацијата на Данска има 6 голови на 6 натпревари.