Манчестер јунајтед на мегдан со новиот турски првак?

Лигата на Европа е атрактивно натпреварување бидејќи победникот оди во ЛШ. Во игра за трофејот се неколку гиганти на европскиот фудбал, па завршницата и во ЛЕ ќе биде интересна. Со ждрепка се одредија потенцијалните четвртфинални двобои.

Четвртфиналните двојки се: Волфсбург/Шахтар – Ајнтрахт/Базел, ЛАСК/Манчестер јунајтед – Башакшехир/Копенгахен, Интер/Хетафе – Ренџерс/Баер Леверкузен и Олимпијакос/Вулверхемптон – Севилја/Рома.

Но, најпрвин треба да се доиграат осмифиналињата. Интер – Хетафе и Севилја – Рома ќе се играат во еден меч на неутрален терен во Германија, а реванши ќе играат Вулверхемптон – Олимпијакос (1-1 во првиот меч), Баер Леверкузен – Ренџерс (3-1), Шахтар – Волфсбург (2-1), Копенхаген – Башакшехир (0-1), Базел – Ајнтрахт (3-0) и Манчестер јунајтед – ЛАСК (5-0).

Осминафиналната рунда треба да се комплетира на 5 и 6 август, четвртфиналињата се на 10-11 август, а полуфиналињата на 16 и 17 август.

Завршниот турнир ќе се игра во четири германски градови (Келн, Дуисбург, Гелзенкирхен и Дизелдорф), а финалето е на 21 август во Келн.

- Оглас -

Најнови вести