Манчестер јунајтед не го купиле Де Лихт бидејќи татко му бил дебел!

Матајс де Лихт е играчот кој со 19 години како капитен на Ајакс, го предовдеше најтрофејниот холандски клуб до полуфиналето во Лигата на шампионите. Како вистински предводник на теренот, Де Лихт дури и ја затресе мрежата на Тотенхем, но во Хичкок завршница, Ајакс прими трет гол во 90+5 минута и поради тоа не се пласираше во финалето на ЛШ.

Со своите игри, Де Лихт го привлече вниманието на повеќе европски гиганти. Манчестер јунајтед беше прв кој сакаше да го купи и тоа уште пред да блесне во ЛШ, но „црвените ѓаволи“ се откажале поради една многу банална причина. Скаутот на Манчестер за Холандија, Марсел Бут постојано следел како се развива Де Лихт, кој беше проценет како еден од најталентираните дефанзивци во Европа.

Сепак, кога требало да се даде конечна оценка за Де Лихт, Бут потенцирал дека успеал да го запознае и таткото на Матајс, Франк де Лихт. Франк е дебел човек, а скаутот тоа го потенцирал, велејќи дека Матајс може да има лоши гени и со текот на времето да се здебели, па да стане многу побавен и едноставно да го загуби квалитетот кој бил очигледен.

Поради ваквите проценки, Манчестер јунајтед решил да се откаже од Де Лихт, кој сега на трансфер пазарот во Европа вреди 70 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести