-0.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Манчестер јунајтед нема да дозволи трет домашен пораз по ред од Борнмут

3010 Рома – Комо (20.45 часот)

Овие два тима од горниот дел на табелата во Серија А загубија во минатото коло, а особено е непријатна ситуацијата кај Волчицата, која беше и лидер, но врза два порази по ред. Комо е пријатно изненадување, има само два порази сезонава, а ова му е второ тешко гостување по ред откако во минатото коло беа прегазени од Интер со 0-4. Ова се двата тима кои имаат најмалку примено голови во лигата. Рома прими само 8 гола во 14 кола, Комо има 11 примени, а до минатото коло беа само седум. Рома е тим кој нема нерешен резултат, додека Комо ремизира дури шестпати. Традицијата на меѓусебните дуели вели дека ќе има 2-3 гола.

Предлог тип: & 1-3 (2.00)

 

1010 Ман. јунајтед – Борнмут (21.00 часот)

Црвените ѓаволи се фаворити, а ако ја оправдаат улогата, ќе имаат еднаков број бодови со Челзи, кој во моментов е на четвртото место во Премиер лигата. Јунајтед освои седум бода во претходните три кола, а Борнмут еден и пол месец нема победа, на гости не победиле уште од 30 август, но има само пет бода помалку од Манчестер. На последните две гостувања на „Олд Трафорд“, Црешите победуваа со по 3-0, а пред тоа трипати по ред губеа со три гола разлика. Јунајтед дома не победил од 25 октомври наваму.

Предлог тип: 1 & 2-4 (3.00)

 

1310 Рајо В. – Бетис (21.00 часот)

Малиот мадридски клуб има серија од пет меча по ред без победа, додека Бетис во Ла Лига доби само еден од последните четири меча. Бетис има речиси двојно повеќе постигнато голови од Рајо, а Рајо има малку помалку примени погодоци. Рајо на свој терен сезонава загуби само еднаш, и тоа од Севилја, а еве вечерва пак им гостува тим од истиот град. На последните 11 меѓусебни дуели на овие два тима во Мадрид секогаш имало барем два гола. Бетис не знае за пораз на гости сезонава ни во Ла Лига ни во Лигата на Европа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

1022 Шефилд в. – Дерби К. (21.00 часот)

Во овој дуел од англискиот Чемпионшип, тимот од Шефилд влегува како 18-ти, а Дерби како 16-ти на табелата, а и двата тима имаат негативна гол-разлика. Дерби има четири бода повеќе од тимот кому му гостува вечерва. Шефилд е најслабиот домаќин сезонава, има освоено само два бода на десет меча пред своја публика. Последната победа на Шефилд беше пред речиси три месеца, но традицијата против Дерби е на нивна страна. Дерби не славел против Шефилд вензди од февруари 2020 година.

Предлог тип: ГГ (1.84)

 

1544 Порто – Естрела (21.45 часот)

Порто „меле“ сезонава во португалската лига, во 13 досегашни настапи има 12 победи и едно реми, а на овие 13 средби прими само три гола, додека во просек дава многу малку над два по меч. Естрела е 13-та на табелата и откако собра седум бода во последните четири кола, побегна од опасната зона. Порто во минатата сезона загуби од Естрела, но на гости, а дома 18 години не киксирал против овој ривал. Естрела нема постигнато гол на последните пет гостувања на „Драгао“.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.03)

- Оглас -

Најнови вести