Манчестер јунајтед победи, но погледнете како Онана ја сочува победата во 97-мата минута (Видео)

Манчестер јунајтед со многу мака и минимално со 1-0 конечно дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона. Прва жртва на Црвените ѓаволи беше данскиот Копенхаген, кој со овој пораз останува закован на дното на табелата без бодови.

Единствениот погодок беше дело на Хари Мегваер во 72-рата минута, но херој е и голманот Андре Онана, кој во 97-мата минута со феноменална одбрана успеа да го одбрани пеналот на Ларсон и да ја сочува победата за својот тим.

Сето ова би значело дека најкритикуваните играчи, Мегваер и Онана, му ја донесоа првата победа на Манчестер јунајтед во најквалитетната европска клупска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести