Манчестер јунајтед се заинтересира за ѕвездата, но доби „корпа“ поради тоа што не играат во ЛШ

Манчестер јунајтед под водство на новиот тренер Ерик Тен Хаг веќе ги „пикира“ првите засилувања.

Едно од нив е и Френки Де Јонг, фудбалерот на Барселона, за кого наводно се подготвени да платат 80 милиони евра, но, добија експресен одговор и тоа од самиот фудбалер.

Имено Холанѓанецот нè е заинтересиран да игра во тим кој што не се пласирал во Лигата на шампионите па затоа приоритет му е останување во Барселона и фокус на следната сезона.

Де Јонг своевремено го носеше дресот на Ајакс од каде што соработуваше со Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести