Манчестер јунајтед си носи своја верзија на Халанд, напаѓачот ја прифати понудата на Црвените ѓаволи

Англискиот премиерлигаш, Манчестер јунајтед, не се откажува од потписот со напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.

Црвените ѓаволи веќе доставија понуда за Хојлунд во висина од 35 милиони евра, но управата на Аталанта експресно ја одби. Италијанскиот тим бара двојно повеќе за да го пушти Хојлунд на „Олд трафорд“.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1681262926810824705?s=20

Сега управата на Јунајтед, ја промени тактиката и според новинарот Фабрицио Романо, веќе ги договорила личните услови со данскиот репрезентативец, и наскоро ќе започне нови преговори со Аталанта за да го комплетира трансферот.

Хојлунд кого го сметаат за данска верзија на Ерлинг Халанд, минатата сезона одигра 32 натпревари за Аталанта во Серија А и постигна девет гола.

- Оглас -

Најнови вести