Непријатни вести за Манчестер јунајтед, клубот официјално потврди дека напаѓачот Расмус Хојлунд има мускулна повреда поради која ќе паузира две до три недели.
Оваа пауза доаѓа во лош момент за Данецот, кој беше разигран и даваше еден до два гола на секој од последните шест настапи во дресот на Црвените ѓаволи.