Манчестер не може да му даде гол ни на Кристал Палас

Кристал Палас за прв пат во клупската историја остана непоразен на „Олд Трафорд“, откако одигра без голови против фаворизираниот Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ беа апсолутни фаворити пред мечот, но на теренот можеше да се случи гостите дури и да победат. И по овој меч, само се потврди дека Манчестер јунајтед е далеку од тим кој може да се бори за висок пласман во Премиер лигата оваа сезона.

За разлика од гигантот од „Олд Трафорд“, екипите на Ливерпул и Манчестер сити ја продолжуваат трката за титулата. „Граѓаните“ со убедливи 4:0 победија против Вест хем на гости, а без проблеми помина и Ливерпул против Ватфорд и се радуваше на триумф од 3:0.

И по 13 одиграни меча, Сити и Ливерпул се без пораз. Актуелниот првак е лидер со 35 бодови, додека „црвените“ од „Енфилд Роуд“ имаат 33 бодови досега.

Резултати: Брајтон – Лестер 1:1, Евертон – Кардиф 1:0, Фулам – Саутемптон 3:2, Манчестер јунајтед – Кристал Палас 0:0, Ватфорд – Ливерпул 0:3, Вест хем – Манчестер сити 0:4.

 

- Оглас -

Најнови вести