Манчестер ни за три милијарди фунти не може да отиде во рацете на саудискиот принц

Принцот од Саудиска Арабија Мохамед бин Салман досега доби два негативни одговори по неговите понуди да го купи најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед. Бин Салман има желба да стане газда на Црвените ѓаволи, па понудил дури три милијарди фунти, но бил одбиен од семејството Глејзерс, кои се газди на тимот од „Олд Трафорд“.

Моментналната вредност на Манчестер се проценува на 2,64 милијарди долари, а саудискиот богаташ е најсериозен купувач. Цената на Манчестер беше многу поголема, но по лошите резултати во последните неколку сезони и неуспехот да избори место во Лигата на шампиони, цената драстично се намали.

Манчестер денеска ќе биде центарот на фудбалското внимание во Европа, бидејќи на „Олд Трафорд“ се игра дербито против најголемиот ривал Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести