Жозеп Гвардиола направи само една измена во тимот што го победи Реал Мадрид со 2:1 и вечерва во последното четвртфинале му даде шанса на Ерик Гарсија, на местото на Фоден во дуелот со Лион.
Останатите десетмина стартери од реванш мечот со Реал се истите, па мотото дека тимот што победува не се менува беше мислата водилка и за тренерот на Манчестер сити.
Руди Гарсија го стори истото, дури и не замени никого од стартната постава што беше поразена од Јувентус на последниот меч што го играше Лион во Лигата на шампионите. Поразот беше со сладок вкус, Лион мина понатаму, а истите 11 фудбалери што беа стартери на Алијанц во Торино, ќе го почнат последното четвртфинале, вечерва од 21 часот на „Луж“ во Лисабон.
ПОЧЕТНИ СОСТАВИ:
Манчестер сити (4-3-3): Едерсон – Кансело, Вокер, Лапорт, Фернандињо – Родри, Гундоган, Гарсија – Де Бројне, Стерлинг, Жезус
Лион (3-5-2): Лопес – Денајер, Маркал, Марсело – Корне, Бруно, Какере, Дубоа, Оуар – Екамби, Депај.