Манчестер сити гази и ден после Евровизија, Гундоган со партија на кариерата (Видео)

Манчестер сити се доближи до одбрана на титулата во Премиер лигата, откако без Кевин Де Бројне во составот го победи Евертон со 3-0 и сега е на четири бода пред Арсенал на три кола до крајот на сезоната.

Илкај Гундоган беше најрасположен поединец, со два преубави голови и една асистенција. Германецот само по втор пат во кариерата имаше ваков учинок. Првиот гол му беше мајсторски, а и другиот кој падна во второ полувреме не беше ништо полош.

https://twitter.com/i/status/1657750758660423680

- Оглас -

Најнови вести