18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Манчестер сити го претстави Донарума: „Се надевам дека овде ќе испишам историја“

Повеќе од една недела откако беше објавен како големо засилување на Манчестер сити, Џанлуиџи Донарума конечно пристигна во Англија и официјално беше претставен како нов фудбалер на Граѓаните.

По репрезентативната пауза, во која беше дел од селекцијата на Италија, 26-годишниот голман се запозна со новата средина и го покажа својот нов дрес со број „25“, во друштво на спортскиот директор на клубот, Уго Виана.

Италијанскиот репрезентативец кој го напушти ПСЖ по четири сезони, потпиша договор до јуни 2030 година.

„Многу сум возбуден и горд што сум тука, во еден од најдобрите клубови на светот. Фактот дека толку многу ме сакаа овде ми ја олесни одлуката. Едвај чекам да започнам во овој историски клуб кој има голема традиција и амбиција да освојува. Одговорноста е голема, но подготвен сум да помогнам заедно да продолжиме да победуваме“, изјави Донарума за клупскиот сајт.

„Овој клуб секогаш ме воодушевувал. Со задоволство го следев Сити, а сега кога ги гледам условите, тренинг-центарот и стадионот, сфаќам колку е сè на високо ниво. Персоналот и инфраструктурата се фантастични. Среќен сум со изборот и се надевам дека овде ќе испишам историја и ќе освојам сè што е можно. Тоа е мојата цел во следните години“, дополни италијанскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести