Манчестер сити го уништи слабиот Шалке, Англија – Германија 2-0

Екипата на Манчестер сити со 7-0 го растури германски Шалке 04 и без проблеми се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Популарните „граѓани“ немаа милост кон гостите од Гелзенкирхен, а гол даде и Фил Фоден, кој со 18 години и 288 дена е најмладиот Англичанец кој бил стрелец на погодок во нокаут-фаза од ЛШ. Тој е и најмладиот играч на Сити што дал гол во најсилното европско натпреварување.

Сити во неговата клупска историја има дадено 127 гола во ЛШ, три повеќе од Роналдо, човекот кој има пет европски титули и беше главниот адут на Јувентус во триумфот над Атлетико.

Засега во ова осминафинале англиските се покажуваат како многу посилни од германските екипи (Тотенхем ја елиминираше Борусија), останува уште Ливерпул да направи хет-трик или сепак Баерн ќе ја зачува честа на Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести