2.8 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Манчестер сити и Борнмут се договорија: Семењо за 75 милиони евра ќе ги засили Граѓаните

Антоан Семењо ќе биде првото засилување на Манчестер сити во јануарскиот преоден рок откако Граѓаните и Борнмут ги договорија сите детали околу трансферот на напаѓачот од Гана.

Манчестер сити ќе плати 75 милиони евра за Семењо, колку што изнесува неговата откупна клаузула, која важи до десетти месецов. Граѓаните и фудбалерот ги договорија сите детали околу личните услови и сега се чекаат само медицинските тестови пред трансферот да биде и официјализиран.

Борнмут инсистираше Семењо да игра и против Тотенхем на седми јануари, но фудбалерот остана на својот став дека сака трансфер уште во првите денови од новата година, без никакви одложувања.

- Оглас -

Најнови вести