Манчестер сити го обезбеди првото место во групата од Лигата на шампионите, па утрешниот дуел против Севилја ќе нема големо значење за Граѓаните. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека за дуелот против Севилја нема да игра нивниот прв напаѓач, Ерлинг Халанд.
Халанд е повреден и не играше на дуелот против Лестер, а сега ќе ја пропушти и средбата против Севилја.
„Халанд нема да биде во составот на мечот со Севилја. Тој се чувствуваше подобро викендов, но не е сто отсто подготвен, па нема смисла да ризикуваме. Се надевам дека ќе игра против Фулам затоа што секој ден се чувствува подобро“, рече Гвардиола.
Халанд има болки во мускулот на ногата, повреда која ја почувствува на дуелот против Борусија Дортмунд, кога одигра само едно полувреме. Норвешкиот репрезентативец во првите 16 средби што ги одигра постигна 22 погодоци, а имаше и три асистенции.