Манчестер сити ќе победи без проблеми

6271 Јувентус ж. – Арсенал ж. (18.45 часот)

Нема застој во женската Лига на шампиони, а во местото Биела, во близина на Торино и Милано, ќе има дуел на тимови кои ја победуваа Волеренга, а губеа од Баерн во првите две кола. Разликата е што Арсенал има гол-разлика 6-6, а Јуве само еден постигнат и два примени гола. Мечевите на Арсенал изобилуваа со голови, а на Јуве со 0-2 гола. Гостинките се фаворитки на хартија, а кога последен пат му гостуваа на Јуве пред две години, резултатот беше 1-1.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

8623 Монако – Црвена ѕвезда (19.00 часот)

Монако загуби на претходниот меч на свој терен во Евролигата, но вечерва е фаворит против Ѕвезда. На двата тима им фали по една ѕвезда, Калатис кај домашните, Боломбој кај гостите. Монако има една победа повеќе од српскиот тим по 8 кола, а во минатата сезона тимот од Малото Кнежевство извојува две победи против белградските Црвено-бели. Ѕвезда само еднаш победила на гости во Монако, на првата посета таму во 2018 година.

Предлог тип: 1 & >159.50 (2.65)

 

1111 Милтон Кејнс – Лејтон Ориент (20.00 часот)

Ова е дуел од 13-тата група во фудбалското ЕФЛ трофеј натпреварување во Англија. По првите две кола, двата тима имаат по еден пораз и победа на пенали, па веќе заостануваат по два бода зад У-21 тимот на Арсенал и Колчестер, а првите две екипи одат во плејофот. Квотите за конечен тип најавуваат неизвесен меч. Кога овие два тима последен пат се сретнаа, во 2021 година, исто така во ЕФЛ-трофејот, средбата заврши 0-0 и имаше пенали. Гостите играат во еден ранг погоре од МК Донс, но не значи дека се големи фаворити.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.65)

 

7009 Јаник Синер – Тејлор Фриц (20.30 часот)

Италијанецот и Американецот победија во првото коло, па тој што ќе ја добие оваа пресметка, може да смета дека ќе го освои првото место во својата група на завршниот тениски Мастерс во Торино. Синер е лидер на АТП листата, игра феноменално на тврда подлога, игра пред домашната публика и секако е голем фаворит за победа. Фриц во првото коло беше подобар од Медведев со 2-0 во сетови, но Синер не знае пораз од 2 октомври наваму. Пред два месеца, на Отвореното првенство на САД, кога играа последен пат меѓу себе, Синер го победи Фриц со 3-0 во сетови.

Предлог тип: 1 & >21.50 г. (1.99)

 

6702 Манчестер сити ж. – Хамарби ж. (21.00 часот)

Манчестер сити е голем фаворит на хартија во овој меч од женската ЛШ. Граѓанките во првите две кола победија, а особено големо изненадување беше нивниот триумф над Барселона. Шведскиот тим во претходното коло загуби од Барса со катастрофални 0-9. Сити нема пораз на официјален меч уште од мај и прашање е само на каков начин ќе победи и колку голови ќе постигне против Хамарби.

Предлог тип: Т1 1+I & 2+II (1.94)

- Оглас -

Најнови вести