Манчестер сити му направи чест на Фернандињо да го крене шампионскиот трофеј

Манчестер сити го доби пехарот и златните медали за титулата во англиската Премиерлига, а честа прв да го крене трофејот ја доби Бразилецот Фернандињо кој ја носеше капитенската лента.

Серхио Агуеро кој со 184 премиерлигашки голови во дресот на Манчестер сити е рекордер по број на голови на еден поединец во еден ист англиски премиерлигаш, си заминува од клубот како првак и со два гола на последниот меч во Англија. Останува уште финалето на Лигата на шампионите.

На „Етихад“ за време на прославата имаше и ограничен број на навивачи, па прославата колку-толку е збогатена.

- Оглас -

Најнови вести