13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Манчестер сити објави колкави му биле финансиските загуби за минатата сезона

Лидерот на Премиер лигата, Манчестер сити, објави загуби од 126 милиони фунти за сезоната 2019/20. Пандемијата од корона-вирус е главна причина за овој огромен финансиски минус.

Граѓаните имале 11 отсто намалување на приходите, а во приходите од 478,4 милиони не се вклучени парите од продажба на играчи. Клубот очекува тешкиот период брзо да заврши и во отчетот за следната сезона да бидат во плус.

Од март до јуни 2020 година беше период без приходи од телевизиски права и продажба на билети и тука се направија загубите, но има и други причини, како доцнењето во исплатата на ратите за продажбата на Лерој Сане во Баерн.

- Оглас -

Најнови вести