Манчестер сити постави рекорд во ЛШ, на Ливерпул како судбина му се грешките против Реал (Видео)

Реал Мадрид има убава предност од 2-0 против Ливерпул, а Манчестер сити има минимални 1-0 против Борусија Дортмунд по првите полувремиња во вечерашните први четвртфинални двобои од Лигата на шампионите.

Крилата на Реал, Винисиус и Асенсио ги користеа грешките и деконцентрацијата на задната линија на Црвените, па на 13-кратниот европски првак му донесоа убава предност. И пред три години кога овие два тима играа во финалето, Реал го победи Ливерпул благодарение на грешките на противникот, тогаш на голманот Кариус. Ливерпул уште од легендарното финале со Милан во 2005 не примил два гола во прво полувреме на нокаут-меч во ЛШ.

Сити води со гол на Кевин де Бројне. Граѓаните поставија рекорд на ЛШ со серија од 18 дадени голови по ред без да примат во ова натпреварување. Меѓу стартерите кај Борусија, Џад Белингам со 17 години и 281 ден е втор најмлад играч во историјата на ЛШ кој бил во почетен состав на нокаут-меч.

Ова е убавиот гол на Винисиус за водство на Реал од 1-0;

- Оглас -

Најнови вести