Бернардо Силва откако пристигна во Манчестер сити, беше клучна фигура во сите сезони под водство на Пеп Гвардиола. За клубот постигна 72 гола и запиша 74 асистенции.
Португалскиот плејмејкер, кој има 31 година и веќе осум сезони е еден од најважните играчи на Граѓаните, веќе знае дека на крајот на оваа сезона ќе мора да бара нов клуб.
Британските медиуми објавија дека управата на Сити нема намера да го продолжи договорот на Силва, кој истекува во јуни следната година. Така, тој ќе ја доживее истата судбина како и Кевин де Бројне (34), кој летово како слободен играч се пресели во Наполи откако една деценија беше столб на тимот.
Во своите осум години на „Етихад“, Бернардо Силва освои шест титули во Премиер лигата, два трофеи од ФА купот и Лигата на шампионите во 2023 година. Тој е втор најплатен фудбалер во клубот со годишна плата од 18 милиони евра, а пред него е само Ерлинг Халанд со околу 32 милиони евра по сезона.
Како најреална опција за продолжување на неговата кариера се споменува Бенфика, клубот каде што Силва ги направи своите први фудбалски чекори, но заинтересиран е и италијанскиот Јувентус.