Манчестер сити во 2021 година на гостински терен ги победи сите мечеви

Манчестер сити уште еднаш потврди дека сезонава е убедливо најдобар тим во Премиер лигата, откако со 2:0 славеше на гостувањет кај Лестер. За Граѓаните ова е 25 победа во последните 26 средби во сите натпреварувања, што само ја покажува доминацијата на тимот на Пеп Гвардиола.

За Сити ова беше деветта победа по ред на гости во Премиер лигата, а вкупно 15-ти триумф по ред на туѓ терен во сите натпреварувања. Последен пат Граѓаните на гости не победија кога играа на „Олд Трафорд“ против градскиот ривал Манчестер јунајтед (0:0) на 12 декември минатата година.

Лидерот до нови три бода стигна благодарение на погодоците во второто полувреме. Менди погоди во 58 минута и прв пат го натера голманот на Лестер, Каспер Шмајхел да капитулира, а сите дилеми околу победникот ги реши Габриел Жезус со погодокот во 74 минута.

Сити сега има 74 бодови, дури 17 повеќе од вториот Манчестер јунајтед, додека Лестер е трет со 56 бодови.

- Оглас -

Најнови вести