Манчини добива јавна осуда за објава поврзана со корона-вирусот

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини привлече многу внимание со постот на неговиот Инстаграм профил. Манчини објави фотографија поврзана со корона-вирусот и сега трпи негативни реакции.

Корона-вирусот повторно се засилува, а во Италија во последните 24 часа починаа преку 200 луѓе. Од почетокот на пандемијата, Италија е една од најтешко погодените со опасниот вирус, а Манчини тоа го гледа како „шега“.

На фотографијата коај ја објави Манчини се гледа како разговараат доктор и пациент. Докторот го прашува пациентот за тоа како се заразил, а пациентот му возвраќа со зборовите „гледајќи вести“.

 

- Оглас -

Најнови вести