Во пресрет на репрезентативната пауза, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, направи неколку промени во селекцијата, по која страдаа неколку ѕвезди, додека еден подзаборавен фудбалер повторно ќе биде дел од „аѕурите“.
Во селекцијата се враќа Себастијан Џовинко, поранешниот офанзивец на Јувенстус, сегашен член на Торонто. Манчини го повика Марко Верати, како и Алесандро Флоренци, откако плејмејкерот и бекот ги пропуштија натпреварите во септември. Марио Балотели и Андреа Белоти заслужено го изгубија местото во репрезентацијата, откако и двајцата напаѓачи не се во посакувана форма за Ница, односно Торино од почетокот на сезоната. Шанса да дебитира во националниот дрес доби крилото на Сампдорија, младиот Џанлука Капрари, кој импресионира со настапите за калчолигашот во Серија А.
Италија на 10-ти октомври игра пријателска пресметка против Украина, а четири дена подоцна ги очекува дуел во Лигата на Нации против Полска.
Голмани: Крањо, Донарума, Сиригу, Перин.
Дефанзивци: Ачерби, Бираги, Бонучи, Кјелини, Кришито, Д’амброзио, Палмиери, Флоренци, Ромањоли.
Играчи за врска: Барела, Бонавентура, Жоржињо, Галјардини, Пелегрини, Верати.
Напаѓачи: Џовинко, Заза, Имобиле, Инсиње, Бернардески, Кјеза, Берарди, Капрари.