Манчини: Лесно го освоивме ЕВРО 2020, ќе мора малку да се помачиме ако сакаме да одиме на СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, на шега изјави дека било „многу лесно“ да се освои Европското првенство, па сега е редот Аѕурите малку и да се потрудат во баражите ако сакаат пласман на Светско првенство.

Италијанците потфрлија во квалификациите, па сега треба да играат со Македонија на 24 март во Палермо, која ако ја победат, пет дена подоцна им следува гостување кај Португалија или Турција за пласман на Мундијалот во Катар.

„Момците беа одлични летоска на ЕП. Ни требаше и малку среќа, но одлична беше атмосферата во тимот и чувствуваа како лесно да ја освоиле титулата. По леснотијата на ЕВРО 2020, сега ако сакаме да играме СП, треба малку да се помачиме“, рече Манчини, кој ова го кажа со насмевка на лицето.

Манчини има договор до 2026 година, но не знае дали ќе остане селектор ако Италија не биде учесник на СП, иако по многу години, летово им донесе европска круна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести