Манџукиќ има вила која ја издава за 1.000 евра од ноќ во летната сезона на Брач

Хрватскиот голгетер Марио Манџукиќ по само неколку месеци поминати во екипата на Ал Духаил од Катар, реши дека тоа не е добар потег за него и дека треба да се врати во Европа. Манџукиќ во текот на кариерата има заработено одлично, а дел од парите ги има вложено во луксузна вила која се наоѓа на хрватскиот остров Брач.

Вилата има пет спални соби, пет купатила, фантастичен поглед од терасата кон морето, но и базен пред вилата. Во вилата има и кино соба, опрема за пинг-понг, обрема за нуркање, велосипиеди, кајаци… Манџукиќ ја изнајмува оваа вила во текот на летниот период, а едно ноќевање во нејзе чини 1.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести