1.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Манџукиќ од Јувентус пред преселба во Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд ја загуби трката за титулата во Бундес лигата со Баерн Минхен, а сега челниците на „милионерите“ размислуваат да доведат еден искусен играч во нападот. Според најавите на „Билд“, Борусија е заинтересирана за Марио Манџукиќ од Јувентус.

Матијас Самер, Михаел Цорк и Ханс Јоаким Вацке веруваат дека Манџукиќ е играч кој ќе го донесе потребното искуство на тимот кој едноставно сам е виновен што ја пропушти предноста пред Баерн Минхен во Бундес лигата, па на крајот заврши со два бода помалку од баварците.

Манџукиќ неодамна потпиша нов договор со Јувентус, но ништо чудно е тој да си замине од Торино, бидејќи од клубот си оди тренерот Масимилијано Алегри. Голгетерот сезонава одигра 30 меча за Јувентус и постигна 10 голови, а имаше и седум асистенции. Манџукиќ даде неколку важни погодоци за Јувентус во моментите кога тимот создаваше комотна предност во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести