Манџукиќ со сефте во Ал Духаил, но сите зборуваат за неговата прослава на голот (Видео)

На хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ, како да не му се даваше гол, па откако првпат ја затресе противничката мрежа во дресот на клубот Ал Духаил, воопшто не се радуваше. Манџукиќ е познат како човек кој ретко се смее или се радува, но овојпат можеби требаше барем да одглуми пред фановите дека голот навистина му значи.

Со својот погодок, Манџо му донесе победа на Ал Духаил од 2-0 и пласман во финалето на катарскиот куп. Но, Супер Марио беше главна тема не поради голот, туку за „прославата“, која воопшто и ја немаше. После голот, тој не покажа никаква радост или позитивна емоција. Веднаш почнаа шпекулации дека тој не е среќен во Катар, туку оти Јувентус го натерал да замине таму.

https://twitter.com/i/status/1215693164201287680

- Оглас -

Најнови вести