Манџукиќ во виолетово

Марио Манџукиќ по сите изгледи ќе ја засили Фиорентина, која му понудила договор на две години во вредност од три милиони евра по сезона. Искусниот хрватски напаѓач е слободен играч откако пред извесно време ја раскина соработката со Ал-Духаил, па можеше да бира каде ќе ја продолжи сезоната.

Неколку понуди од Турција, како и Серија А, пред сè од страна на Милан, беа на масата за Манџукиќ, кој на крајот ги одбра Виолетовите, па во следната сезона ќе го гледаме на „Артемио Франки“.

Манџукиќ има огромно искуство во италијанскиот фудбал, освои четири последователни титули со Јувентус, за кои запиша 162 настапи во Калчото и постигна 44 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести