Мане го постигна првиот гол за Ал-Наср, но тимот на Џерард ги однесе трите бода

Екипата на Ал-Наср загуби во првото коло од Саудиската Про лига на гостувањето кај Ал-Етифак играјќи 2:1.

Интересно е што на овој дуел, на спротивни страни беа поранешни играчи на Ливерпул, Садио Мане, кој сега го носи дресот на Ал-Наср, и Џордан Хендерсон, кој настапува за Ал-Етифак, кој пак е предводен од легендата на Црвените, Стивен Џерард.

Летното засилување за Ал-Наср, Садио Мане, го постигна првиот гол за својот тим, но тоа се покажа како недоволно за триумф.Тој дебитантскиот гол за Ал-Наср го даде во четвртата минута.

Но, Ал-Етифак направи пресврт на стартот од второто полувреме со головите на Куасон и Дембеле во 47-мата и 53-тата минута и ја однесе победата.

- Оглас -

Најнови вести