Мане и Баерн Минхен ќе се разделат на крајот од оваа сезона

Садио Мане и Баерн Минхен одлучија да го раскинат договорот само по една сезона на Сенегалецот на „Алијанц арената“. Тој во Баварија пристигна минатото лето како големо засилување, но одигра лоша сезона, а врв беше и инцидентот со Сане.

Според германските медиуми, Мане и Баерн веќе се договориле за раскинување на соработката, а со тоа пропаѓа и трансферот на Сенегалецот во Наполи како дел од евентуалниот трансфер на Осимен во Баерн Минхен.

Сепак, Садио Мане ќе има голем избор летово бидејќи интерес за неговите услуги има од ПСЖ, Ливерпул и Челзи и останува да видиме за кој клуб ќе се одлучи.

Мане оваа сезона во Баерн Минхен одигра 35 натпревари, на кои постигна 12 гола.

- Оглас -

Најнови вести