Мане испиша нова историја, овојпат на репрезентативно ниво

Садио Мане како вистински капитен го предводеше Сенегал во нова победа, овојпат против Бенин, во квалификациите за Африканскиот куп на нации. На свој терен, Сенегал славеше лесно со 3:1, а сите три погодоци за победничкиот тим ги постигна токму играчот на Ливерпул.

Серијата погодоци Мане ја започна од пенал во 12 минута, а само 10 минути подоцна погоди и по втор пат. Хет-трикот беше комплетиран во 60 минута кога Мане повторно погоди од пенал, додека Бенин во 88 минута постигна почесен погодок.

Со овие три гола, Мане испиша историја во сенегалскиот фудбал, станувајќи прв стрелец во националниот тим. Мане има постигнато 32 погодоци во дресот на Сенегал, останавјќи го зад себе досегашниот рекордер Хенри Камара кој имаше 29 погодоци за репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести