Мане ќе остане во Ал-Наср до 2027 година и ќе заработи вистинско богатство

Садио Мане ќе заработува по 650.000 фунти неделно во новиот клуб Ал-Наср во Саудиска Арабија, соопштува „Скај Германија“. Тој денеска треба и официјално да ги помине лекарските прегледи и за трансфер од 24 милиони фунти да се пресели од Баерн Мимхен во Ал-Наср.

Договорот на Мане ќе биде до 2027 година, а за овој период ќе заработи 136 милиони фунти. Напаѓачот кој помина само една година во Баерн Минхен, одигра само 38 натпревари и постигна 12 гола. Претходно Мане помина шест години во дресот на Ливерпул, каде што и се стекна со светска слава постигнувајќи 120 голови во 269 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести