Мане наместо во Премиер лигата, може да заврши во Серија А

Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане по физичкиот напад на соиграчот Лерој Сане, повеќе нема иднина во Баерн Минхен и налето ќе си замине и најверојатно нема да се врати во Премиер лигата, туку ќе се пресели во Серија А.

Баварците повеќе не го сакаат Мане во своите редови и поради тоа му го понудија напаѓачот на Наполи.

Планот на Баерн е да го испратат Мане во Неапол и да доплатат одредена сума пари, а за возврат да го добијат Виктор Осимен, кој игра фантастично сезонава за тимот од Неапол.

- Оглас -

Најнови вести